Младата мајка Ана Ј, на својот тик-ток профил објави видео во кое ги моли луѓето да не прават тренд од тинејџерската бременост. Ана забременила кога имала 16 години и со ова видео сака да истакне дека да се биде родител-тинејџер не е толку забавно како што многумина мислат дека е.
– Се породив на 16 години и имам право на мое мислење во врска со ова – започнува Ана во видеото, додавајќи: – Сите на „Тик-ток“ лажат, видов толку многу мајки-тинејџерки како се фалат дека имаат бебе и им раскажуваат на другите интернет-корисници дека треба да имаат деца. Тоа не ми се допаѓа – вели таа.
Таа објаснува дека поминале три години откако се породила, а уште ѝ е тешко.
– Мислам дека не е добра идеја луѓето да ги лажат младите девојки велејќи им дека е добро да се има дете на таа возраст – вели Ана. Таа не мисли дека младите мајки се лоши мајки, едноставно не сака нешто толку сериозно да стане тренд.
Во коментарите под видеото ја контактираа луѓе кои со задоволство ги споделуваа своите размислувања, како и некои млади мајки кои се согласија со неа.
„Се согласувам, забременив на 17 години и повторно отидов на универзитет на 21 година. Беше тешко да најдам време за учење, возење и сѐ друго без помош“.
@annajxoxo Replying to @Kitty Baron xx <3 #fyp ♬ original sound – annajxo
912