Речиси 75 отсто од мајките со деца под 18 години се вработени во САД. Ако сте мајка што работи, ова буквално значи дека имате две работи. Мора да се грижите за децата и да бидете продуктивен и енергетски работник истовремено. Не е ни чудно што модерните мајки постојано се уморни и немаат доволно време за себе. Истражувачите пресметале колку часа работат мајките и резултатите се прилично изненадувачки.

Мајка што е вработена работи 98 часа во неделата

Истражување спроведено од „Велчес“ и „Уанпул“ анкетирало 2.000 Американки што имале деца на возраст од 5 до 12 години. Истражувачите сакале да откријат како мајките што работат го планираат времето и менаџираат да бидат продуктивни.

Тие откриле дека мајката го почнува денот во 6:23 часот и не завршува со работа или семејни обврски до 20:30 часот. Ова значи дека поминува 14 часа секој ден исполнувајќи ги нејзините обврски, притоа немајќи време за себе.

А некои мајки може да чувствуваат дека се наоѓаат во бескраен круг со сите нивни должности. 4 од 10 мајки потврдуваат дека понекогаш нивните животи изгледаат како долг синџир на задачи што никогаш не завршува.

Мајките имаат само 1 час и 7 минути дневно за себе

Истото истражување покажува дека со работата и грижата за децата и семејството, на мајките што работат не им останува доволно време да си го посветат на себе.

Проблемот е во тоа што мајките што работат мора да се откажат од многу работи за да најдат баланс помеѓу работата и животот. На пример, тие може да немаат доволно време да ги посетат своите пријатели кои немаат деца и понекогаш одат во бањата само за да имаат време за себе. Дури и тоа може да биде вистински предизвик ако не можат да го остават детето ни една минута.

Но, важно е човек да има време за себе, особено за психолошкото здравје. Тоа ви помага да го исчистите умот, да ја зајакнете продуктивноста и ќе ви овозможи да ги откриете вашите вистински желби и аспирации. Може и да придонесе за вашите односи со другите луѓе, вклучувајќи ги членовите на семејството, правејќи ги подлабоки и посилни.

Жените ја потценуваат цената на мајчинството

Иако жените насочени кон кариерата знаат дека враќањето на работа по породилното отсуство ќе биде прилично тешко, неодамнешното истражување покажа дека многу жени не очекувале дека мајчинството ќе има таков ефект врз нивната кариера и личен живот. Многу жени се чувствуваат како да се под постојан притисок да бидат совршени мајки и совршени работници истовремено.

Тие можеби се презаситени и фрустрирани поради недостиг на поддршка, постојан стрес и желбата да докажат дека можат сè, без ништо да жртвуваат. Од мајките што работат се очекува да бидат достапни 24/7 за работа и за обврските во домаќинството, што може да стане голем предизвик доколку компанијата не нуди флексибилно работно време или ако мајката нема помош околу домашните обврски.

Мајките што работат не треба да чувствуваат вина

Некои мајки што работат може да чувствуваат вина затоа што, и покрај тоа што даваат сè од себе, немаат можност да поминуваат време со децата колку што поминуваат мајките што не работат. Според истражувањето спроведено од професорката Кетлин Мекгин од Бизнис-школата на „Харвард“, децата не страдаат од последиците на одлуката нивната мајка да се врати на работа.

Истражувањето покажа дека децата чии мајки работат го имаат истото ниво на среќа како и децата чии мајки се дома. Освен тоа, ќерките на мајките што работат имаат тенденција да покажат повисоки перформанси во работата и имаат голема веројатност да бидат вработени.

Извор



912

X