Исцрпена мајка од Велика Британија, уморна поради тоа што мора да се грижи за сѐ, без помош од нејзиниот сопруг, на форумот „Мамсет“ побара совет од другите мајки.

Како што пишува таа, изгубила секаква перспектива за бракот и се прашува зошто нејзиниот сопруг е толку себичен, не прави ништо за да ѝ помогне и често оди на одмор без неа и без нивниот син.

Нејзината објава ги шокира другите интернет-корисници, од кои повеќето се прашуваа зошто таа го трпи себичното однесување на нејзиниот сопруг.

– Моментално ми е тешко во бракот. Мојот сопруг многу вика и нема трпение. Таквото однесување навистина исцрпува. Тој има напорна работа, но е добро платен. Јас работам со скратено работно време, три дена во неделата, а и мојата работа е напорна. Освен тоа, се грижам за домашните обврски, пазарам, организирам школски излети, се грижам и ги плаќам речиси сите сметки, иако неговата плата е многу поголема – објаснува мајката, која сакаше да остане анонимна.

– Не се жалам бидејќи не ми е проблем да го правам сето тоа, но тој никогаш не го признава тоа. Чувствувам голема огорченост поради начинот на кој се однесува со мене. Никогаш не доаѓа директно дома, останува надвор до доцна за да пие. Не ми помага ниту со синот, не прави ништо дома. Само работи. Така е и со слободното време. Оди на многу одмори во текот на годината, но никогаш не оди со мене, ниту со нашите деца. Така е и со викендите: најчесто викендите ги поминува со другарите, а не со нас – додава мајката, која вели дека поради целата ситуација, има чести напади на паника и анксиозност.

Луѓето ја советуваат да го остави

– Тој е себична личност. Ако му кажам дека се чувствувам лошо, не му е грижа. Секогаш сè се врти околу него. Отсекогаш бил таков и очигледно нема да се смени, но јас не знам што да правам. Дали ова е нормално? – прашува мајката на форумот.

– Воопшто не звучи како да му се допаѓаш. Звучи апсолутно ужасно и себично. Неговото однесување не е нормално или прифатливо. Заслужуваш повеќе од трошките што ти ги фрла – советува една мајка.

– Каде се грижата, љубовта и почитта кон тебе? Тој се однесува ужасно кон тебе, а ти заслужуваш многу повеќе. Не си негова куќна помошничка, ниту слуга. Направи си услуга и себеси и на своето дете и остави го што побрзо – ја советува друга мајка.

Извор



912

X