Игротека

Мајка се јавила во полиција зашто ѝ снемало млеко за бебето

Шенон Брд е добро позната мајка-блогерка и инфлуенсерка со повеќе од 100 илјади следбеници на „Инстаграм“. Со години е позната по нејзиниот стил и авантури на семејството, но сега стана уште попозната поради нешто друго – повикала „911“ во текот на ноќта бидејќи ѝ снемало млеко за хранење на децата и побарала од полицијата да ѝ донесе адаптирано млеко.

Критиките веднаш почнале, но нејзината приказна не е само за тоа кога е соодветно да се повикаат итните служби, туку и за тоа кој ја има привилегијата да повика „911“, недостигот на поддршка за мајките во Америка, родовите улоги и слично. Накратко, ова не е само приказна за Шенон Брд која повикала „911“. Ова е приказна за општеството кое ги изневерува мајките.

Што треба да знаете за оваа вирална приказна:

Таа се појавила на „Фокс њуз“ со нејзиното најмало дете за да раскаже зошто го направила повикот. „Никогаш не се случило да немам храна за бебето. Тоа беше застрашувачко за мене“.

 

 

View this post on Instagram

 

#DailyBriefing’s youngest guest ever!

A post shared by The Daily Briefing (@dailybriefingfnc) on

Како дошло до тоа да повика „911“

Брд заздравувала од постнатални компликации во тој период и лекот што го земала можеби е причината за нејзиниот страв кога видела дека нема млеко за детето. Во моментот била сама дома (сопругот бил на пат), заедно со нејзиното бебе и четирите други мали деца (едно од нив имало скршена нога). Помислила дека има доволно млеко во фрижидерот за да ја поминат вечерта, но сфатила дека не е така.

Во нејзините „сториња“објаснила дека им се ѕвонела на пријатели и роднини за помош, околу два часот по полноќ, но никој не се јавувал. Потоа повикала 911, објаснувајќи му на операторот дека е исплашена и дека нема како да го нахрани своето шестмесечно бебе. „Ги барав и соседите и никој не се јави. Едноставно немав млеко. Ова е мое петто дете и ова никогаш не ми се случило“. Набрзо полицијата дошла.

Полицијата донела млеко

Брд потоа објавила видео од полицајци како доаѓаат до нејзиниот дом. Полицаецот Брет Вагстаф пристигнал со големо шише млеко. Брд објаснила дека не ѝ треба обично млеко, туку адаптирано. „Веднаш ќе се вратиме со адаптирано млеко за вашето бебе“, ѝ рекол полицаецот на Брд. Потоа се вратил и ѝ рекол: „Ова е истото што ѝ го дававме на ќерка ми кога беше бебе, па се надевам дека нема да ѝ се вознемири стомачето“.

Полицаецот и неговиот партнер Конер Габитас биле наречени херои во текстовите по медиумите, но многумина велат дека Брд е привилегирана, дека за други мајки приказната не би се одвивала на тој начин.

Реакција над привилегија + потреба за постнатална поддршка

По 24 часа откако ставила објави на „Инстаграм“, Брд најавила дека ќе прави пауза од социјалните мрежи. Луѓето биле вознемирени бидејќи таа ја користела полицијата на таков начин, а сопругот ја оставил сама со пет деца. Критикувањето продолжило кога приказната се објавила и на „Фокс њуз“.

– 911 не служи за тоа. На некои места би ве обвиниле за непочитување на службата. Но, тука сите дозволуваат сè, велејќи колку херојски и храбро се постапило. Не можам да го поднесам ова – коментирал некој корисник на „Инстаграм“.

фото: Шенон Брд

Постојат многу мајки во Америка што не би се чувствувале пријатно и не би повикале 911 при родителска итност. Тоа не е праведно бидејќи сите мајки заслужуваат да добијат помош кога им е потребна.

Потребно е време да закрепнете од породувањето, особено ако има компликации. Доењето, исто така, може да биде тешко, а кога бебето плаче и не можете да му помогнете, тоа е застрашувачко искуство. Многумина сметаат дека ова е приказна за жена која ја злоупотребила полицијата, но можеби е приказна за земја каде што мајките во криза имаат чувство дека немаат кому да се обратат. Можеби е приказна за тоа дека кога „едно село еродира, мајките најмногу страдаат“. Можеби е знак дека ни се потребни постнатална поддршка, поголема едукација и поголема емпатија за мајките.

Автор: Хедер Марко

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top