Повеќето родители се нашле во ситуација да го довикуваат своето дете, а тоа да ги игнорира. Една мајка на „Тик-ток“ го споделила своето искуство и открила дека во нејзиниот случај, за жал, не бил проблем игнорирањето, туку нејзината расеаност.

Во видеото таа објаснила како подготвувала вечера и дека ѝ требало помош за нешто. Ја повикала ќерката тинејџерка да ѝ помогне, но таа не одговорила.

„Се налутив и мислев кога ќе завршам, да отидам кај неа и да ѝ одржам лекција.“ Во тој момент заѕвонил телефонот, на екранот се појавил број непознат за мајката. Од другата страна на линијата била нејзината ќерка. „Каде си?“ загрижено прашала девојката.

Во тој момент мајката сфатила што се случило: „Луѓе! Не ја зедов ќерка ми од училиште!“

@breaunosborne STORY TIME… #momfail #mom #momsoftiktok #fyp #foryou ♬ original sound – Breaun Osborne

Коментарите набрзо откриле дека таа не е единствена на која ѝ се случило ова.

Една жена напишала: „Јас и мајка ми работевме на исто место, завршивме со работа во исто време и таа замина без мене.“

„Еден ден стигнав на половина пат до дома и сфатив дека го оставив син ми во градинка. Јас работам во истата градинка“, признала друга.

Една мајка вели: „Еднаш отидов во погрешно училиште за да го земам син ми. Заборавив дека оди во средно училиште“.

Извор



912

X