Воспитување

Потрошила 2.388 часа на измолзување на мајчиното млеко

Секоја жена што го измолзувала своето млеко знае дека тоа не е најомилениот дел од мајчинството. Некои мајки се одлучуваат за исклучиво измолзување од повеќе причини, а една од нив е Елиз Мајерс.

– Потрошив 398 дена пумпајќи млеко за мојот син. Се разбудив утрово и реков доста е. Поминав 2.388 часа поврзана со уред за измолзување за да можам да го нахранам моето дете. Тоа се повеќе од 473 литри млеко. И сум горда на себе – вели таа во вирално видео објавено на „Тик-ток“.

Ако жените не сакаат или не можат да дојат, а произведуваат мајчино млеко и сакаат да го хранат детето со тоа, се одлучуваат исклучиво на измолзување. Така ги хранат децата со нивното млеко. Но, тоа не значи дека работата е лесна.

Како што истакнала Мајерс, измолзувањето значи трошење неколку часа дневно за вадење на млекото користејќи рачни или електрични пумпи. Тоа е прилично исцрпувачки процес, особено ако трае долго време.

@elysemyers What a wild ride. #exclusivepumping ♬ original sound – Elyse Myers

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top