Игротека

Мајка предизвикала расправа на форум: „Не сакам никого близу своето бебе во првите шест недели“

Една мајка на родителски форум „Мрежа на мајките“, предизвикала вистинска расправа кога напишала дека одлучиле со сопругот нивното новородено бебе да не смее да го види и држи никој во првите шест недели.

„Одлучивме дека нашето дете, првите четири до шест недели, нема да го гледа и држи никој друг освен ние и нашата постара ќерка. Првиот пат, бевме буквално преплавени од посетители и затоа ја донесовме оваа одлука. Пријателите се согласија, но членовите на семејството и не баш. Мајка ми ми рече дека се чувствува грозно бидејќи е исклучена од првиот месец од животот на нејзината внука“, ја започнува својата приказна оваа мајка.

„Се чувствувам лошо што ја вознемирив, па и ветив дека секојдневно ќе и праќам фотографии од бебето, но навистина не сакаме други луѓе во наша близина. Знам дека постапивме правилно“, напишала мајката откако започнале да пристигнуваат критики од секоја страна.

„Ова е неразумно и злобно од ваша страна“, и порачала една од корисничките на форумот.

„Го почитувам вашиот избор, но мене ми е тоа многу чудно. Што повеќе луѓе го сакаат и поддржуваат вашето дете, толку подобро за него“, додала друга.

„Јас би била многу повредена кога не би смеела да ја видам својата внука. Ако сте блиски со семејството, ќе биде многу тешко да не се гледате со нив во идните шест недели“, наведува една мајка.

„И мене би ми било многу необично. Замислете да не можете да го видите своето внуче. Од што толку се плашите?“, прашувала уште една корисничка на форумот.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top