Воспитување

Мајка покажува зошто не му купува новогодишни подароци на бебето

Иако е еден од најубавите денови во годината, Божиќ за многумина знае да биде доста стресен ден.

Треба да купите куп подароци, да приготвите храна и да ја декорирате куќата. А за оние со мали деца, тоа е особено тешко бидејќи ќе потрошат многу пари на играчки, а децата најверојатно брзо ќе ги заборават.

Затоа Лори Чепкаускас ги советува родителите да не се грижат многу за божиќните подароци за бебињата. Колку и да сакате да му го разубавите денот на вашето бебе, не треба да потрошите ниту денар за да го израдувате.

– Ова е само потсетник за родителите – вели и покажува на своето бебе кое седи на столот за хранење. Пред него стави четка за коса и играчка. Бебето гледа во двата предмети, а потоа со раката посегнува по четката.

Потоа таа става далечински управувач и кадифена играчка и пакет марамчиња и уште една играчка. Секако, бебето ги избира далечинскиот управувач и марамчињата.

– Ова е една од најдобрите работи што на родителите треба да им биде потсетник да не претеруваат – вели еден родител.

– Играчките се всушност за родителите – вели друг.

@killinitsince86

What babies really want for Christmas part 2 ???‍♀️ #babiesoftiktok #funnybaby #christmas

♬ All I Want for Christmas Is You – Mariah Carey

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top