Болничарката Ники од Мелбурн, која е мајка на две деца, покажува едноставен трик кој би можел да им помогне на многу родители. Со помош на овој трик можете да проверите кои предмети претставуваат опасност од задушување за вашето дете.

Со палецот и показалецот треба да направите круг, а сето она што може да помине низ него е потенцијална опасност. На инстаграм-видеото се гледа како оваа мајка испушта различни предмети низ кругот.

– Поздравете го мојот омилен родителски трик. Вака проверувам дали храната или ситните предмети претставуваат опасност од задушување. Кругот е речиси со големина на дишните патишта на дете на возраст до три години. Ако нешто собира во него, тогаш тоа претставува опасност од задушување – објаснува таа.

Таа на едноставен начин покажа дека црешите, ситните парички, пуканките, грозјето и другите предмети можат да бидат особено опасни. Ники ги советува родителите да ги држат овие предмети подалеку од децата, а многу родители коментираа дека го ценат нејзиниот совет.

Извор



912

X