За секој нов родител дури и самото излегување од дома со дете е голем успех. Претходно би излегле со мала торбичка, додека со децата треба да се координира излегувањето со времето за хранење, одењето во тоалет и треба да понесете еден куп работи што можеби ќе ви требаат, особено ако децата се помали.

Затоа, следната мајка на девет деца заслужува восхит, особено откако споделила видео на „Тик-ток“ во кое објаснува и покажува како купува намирници со децата. Лена Јанг и нејзиниот сопруг Алекс имаат близнаци и четворка, а вкупно девет деца. Седум од нив се помлади од три години и сѐ уште носат пелени. Она што е најневеројатно во целата приказна е што таа редовно сама ги носи на шопинг додека постарите двајца се на училиште, а сопругот е на работа.

Мајка сама со седум мали деца во продавница? Дали е тоа шега?

Лена покажала дека тоа е нејзината реалност. Прво вади носач за своето 15-месечно бебе. Потоа подготвува количка за четири бебиња. Кога ќе ги стави сите на место, го става најмалото дете во количката, а потоа ги извлекува своите близнаци од автомобилот и тие одат покрај неа до продавницата. Таа открила дека количката за четворицата на дното има корпа за намирници, па наместо да ја користи количката, само додава намирници во неа.


Луѓето ѝ кажуваат дека ги инспирира

Луѓето се воодушевени од Лена и нејзините деца, пофалувајќи ја нејзината напорна работа и успех во тоа. „Фактот што воопшто успеа да излезеш од дома е инспирација“, напишал некој. „Девојко, се плашам да излезам од дома со само едно новороденче“, коментирала една мајка. Некои рекле дека никогаш нема да го прават она што таа го практикува редовно.

Лена одговорила дека искуството е одлично за целото семејство. „Веднаш по купувањето отидовме во паркот. Сакам да ја напуштам куќата поради моето ментално здравје. Полудуваме заглавени дома“, рекла таа. Додала дека редовно го прави тоа бидејќи нејзиниот сопруг работи со полно работно време.

Извор



912

X