Помагањето во домашните обврски за да се заработи џепарлак е една од првите животни лекции на кои нè учат родителите додека растеме. Да се заработи некој денар наместо само да се земаат пари без напорна работа помага децата да сфатат дека ништо во животот не е бесплатно. Но, една мајка открила дека нејзината „мудра“ ќерка ја измамила – а други се шегуваат дека малото девојче веќе е на добар пат да заработи милиони.


Таа објаснила дека има 2 ќерки, 13-годишната Ана и 11-годишната Су. Сега кога Ана е тинејџер, се спогодила со мајка си да биде платена за обврските што ќе заврши во домот за да има сопствен буџет. Договорот се применувал сè додека мајката не сфатила што всушност прави нејзината ќерка. Еден ден кога излегла од дома, ѝ рекла на Ана дека ќе ѝ даде 14 фунти за да ја искоси тревата и да ја исчисти градината, а подоцна се вратила дома и видела дека задачата била одлично завршена и ѝ ги дала парите. Сепак, подоцна открила дека Ана направила договор со својата сестра и ѝ плаќала 7 фунти, а другите 7 ги задржувала за себе како процент од тоа што склучила друг договор.

Мајката не знаела како да се справи со ситуацијата, па на „Редит“ напишала: „Не ѝ го споменав ова на Ана, но не знам како да пристапам. Од друга страна, работата е завршена и Ана ѝ платила на сестра си како што ветила. Од друга страна, Ана не ми кажа како го сторила тоа, но јас никогаш не ни прашав. Таа едноставно ми рече дека ќе се погрижи тревникот и градината да се средени и така и беше. На некој начин ѝ ја префрлила одговорноста на сестра си. Дел од мене е горд на начинот на кој се справила со ситуацијата, но друг дел од мене се прашува дали ја експлоатирала својата сестра и покрај фактот дека ѝ платила, а на Су не ѝ пречело да ја заврши работата“.

Друг корисник напишал: Со сета сериозност земена предвид, почнете да го едуцирате девојчето за претприемништво, бизнис и менаџмент. Има талент за тоа“.


Но, други биле директни: „Кажете ѝ на Ана дека имате намера да си заштедите 14 фунти и дека ќе преговарате директно со Су. Откако Ана ќе сфати дека не добива ништо, можеби ќе почне сама да ги завршува обврските“.

Автор: Лук Метјуз

Извор



912

X