Воспитување

Мајка открила трик за безбедноста на децата кој вклучува многу пцости

Ако имате мали деца, знаете колку е важно да ги научите да се грижат за себе. Децата се ранливи, па родителите често се оптоварени со тоа како тие ќе се однесуваат во тешки ситуации. Авторката, мотивационен говорник и мајка на шест деца Чаувон Ландри, која исто така го користи името „thelandryfamily504“ на „Тик-ток“, често споделува корисни совети за родителство и некои општи животни совети.

Таа неодамна споделила неконвенционални тактики за преживување за нејзините деца, а на луѓето прилично им се допаднале.

„Во ред, еве ја тактиката за преживување на која ги учам моите деца и се надевам дека никогаш нема да мора да ја користат. Тоа би можело да му го спаси животот на вашето дете, затоа внимавајте. Ако децата некогаш се најдат во опасност – ако некој се обиде да ги киднапира или да ги натера да прават нешто што не сакаат – не можат само да врескаат. Треба да ја извикуваат секоја пцост што ќе им текне“, открила таа.

„Затоа што, размислете, ако сте на игралиште или нешто слично и слушнете бебе како вреска, тоа не е многу алармантно. Но, ако слушнете дете што пцуе, ќе застанете на сред разговор и ќе погледнете што се случува со тоа дете, зошто ги кажува тие зборови“, вели таа.

Чудното, невообичаено однесување на детето ќе послужи како сигнал за другите возрасни во околината, кои би можеле да сфатат дека детето доживува сериозен стрес и дека личноста што стои до децата не е пријател. Корисниците главно коментирале дека идејата е брилијантна, а некои се пошегувале за тоа дека нивните деца би уживале да ја користат тактиката:

„Моето дете тајно ќе го чека тој ден“, се пошегувало едно лице. „Моето дете би помислило: Па, конечно е време да блеснам“, додал друг корисник. Трето лице го дало својот совет: „Јас на моите деца им велам да викаат: Ти не си мојот родител, пушти ме!“

@thelandryfamily504 Class is in session PLEASE SHARE !!! #Parentingtip #Parentingtip ♬ original sound – The Landry’s

Извор

Поврзани написи

To top