Здравје

Мајка открила необична последица од породувањето за која ретко се зборува

Жените се соочуваат со голем број тешкотии во текот на бременоста – болки во долниот дел на грбот, гадење, замор, како и проширени вени. Покрај проширените и истакнати вени, често пукаат и капиларите, што е нормална појава на телото по породувањето.

Јелена решила да го сподели своето искуство, па на социјалната мрежа открила дека капиларите на лицето и очите ѝ пукнале при породувањето. Своето искуство го открила во видео објавено на „Тик-ток“, а следбениците биле изненадени од тоа што го виделе – лицето и очите ѝ биле целосно црвени и покриени со испукани капилари, а имала и модринки на некои делови од лицето, пишува „Њујорк тајмс“.

Таа признава дека била шокирана од нејзиниот одраз во огледалото по раѓањето на синот и дека не знаела оти за време на породувањето често се случува пукање на капилари. Имено, напорот вложен при природното породување довел до пукање на крвните садови.

Загрижената мајка во еден коментар напишала: „Првите неколку дена се плашев да се погледнам во огледало. Никогаш не сум видела нешто слично.“

@yelenaa.x Reply to @aaaa.215 ♬ original sound – YELENA

Таа нагласи дека сите непријатни промени што ги доживеала биле достојни за нејзиното дете.

@yelenaa.x

it was alll worth it???❤️

♬ Infinity – Jaymes Young

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top