Воспитување

Мајка организирала летен камп за своите деца насловен: „Како да се биде личност“

Кога ќе пристигне летото и ќе заврши училиштето, а пред вас се три месеци кои треба да се пополнат со активности, сигурно ќе помислите на некој од летните кампови. Ако можете да си дозволите барем еден од нив за вашето дете, тоа сигурно ќе ужива, а вие ќе го решите проблемот кој се создава поради постојаното барање активности и забава за вашите деца. Но, што велите за идејата да имате летен камп – дома?

Ако тоа ви изгледа премногу, не откажувајте се веднаш. Запомнете дека кај децата е важно само како ќе им претставите нешто, а не самата активност… Сега веќе го имаме вашето внимание, нели? Верувајте ни, многу е можно идејата на оваа мајка да ја прогласите за генијална и да се обидете да ја спроведете во вашиот дом.

Кејтлин Роу, мајка на четири деца, од Јута, САД, им дала на своите деца список со основни, но многу важни животни вештини кои би можеле да ги научат во нивниот дом, во текот на летото – во специјалниот летен камп што таа го нарекла „Како да се биде личност“. Нивото на тежина на секоја задача од списокот зависи од возраста. Списокот на нејзиниот тригодишен син вклучувал учење работи како што се местење на креветот, безбедно користење ножици и лепило, претставување нов пријател и организирање на играчките. Нејзината најстара ќерка, пак, која има 6 години, морала да научи посложени работи како подготовка на пржени јајца, фенирање на косата и пакување торба. Има и листа со вештини кои браќата и сестрите треба да ги научат заедно, како што се подготвување намирници, одржување на безбедноста на базенот и користење на телефонот.

Оваа мајка признала дека ја позајмила идејата од пријателка која направила нешто слично за време на карантинот и пандемијата.

Бонус е фактот што децата навистина учат нешто – без да излезат од дома или да платат скап камп. Не е тајна дека многу родители денес мислат оти децата всушност знаат премалку животни вештини, па не е изненадување што оваа идеја за кампот „Како да се биде личност“ воодушевила многу интернет-корисници. Освен тоа, се работи за учење вештини кои ќе им бидат потребни на децата порано или подоцна во животот. Исто така, овој пристап кон учењето создава позитивен став кон домашните задолженија што треба да ги извршуваат во текот на нивниот живот.

Друга добра работа во врска со идејата за кампот „Како да се биде личност“ е тоа што е целосно приспособлив. Може да биде листа креирана од родителите или листа предводена од децата. Може да биде 100% практична или целосно забавна и будалеста. А најдобро е да се комбинираат и двете.

Списокот ги вклучува и овие активности: како да напишете благодарница, како да завиткате подарок, како да напишете и да испратите писмо, како правилно да користите нож…

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top