Воспитување

Мајка одбива да остане на роденденска забава и да го надгледува детето: „Моето време е скапоцено“

Детските роденденски забави не се секогаш забавни, но тие се дел од родителството. Сепак, една мајка одлучила да признае на „Тик-ток“ дека одбива да остане и да го надгледува своето дете на забавите на другите деца.

„Налутив неколку мајки кога реков дека нема да останам на роденденот на нивните деца. Самото тоа што слават роденден ми претставува голема непријатност“, рекла таа, а потоа навела зошто не сака прослави.

„Купување подароци, возење на детето до и од роденденската забава, итн. Моето време е скапоцено. И кога веќе организирате роденденска забава и поканувате група деца кои трчаат наоколу, вие треба да ги надгледувате, бидејќи вашата цел е вашето дете добро да се забавува. Јас немам потреба да го гледам моето дете како се забавува и немам потреба да разговарам со еден куп родители“, додала таа.

Нејзиниот став ги подели мислењата на родителите. Некои мислат дека е сосема во право, други, пак, сакаат другите родители да им прават друштво.

@jaii.bee Hard pass #momsoftiktok #birthday #adhd #neurodivergent #pass ♬ original sound – JB

„Јас нема да го пуштам моето дете на роденденска забава ако не можам да останам. Но, ги немам истите очекувања од другите родители“, рекла една мајка.

„Тоа зависи од возраста на децата, каде е забавата и колку добро ги познавам родителите“, посочува друг родител.

„Подобро би ми било ако си заминат мајките. Не сакам да ги забавувам и децата и родителите“, тврди трета мајка во коментар.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top