Проблемите во набавката, инфлацијата и повлекувањето производи предизвикаа недостиг на адаптирано млеко за новороденчиња во Соединетите Американски Држави.

Кајзи Видман реши да даде увид во тоа како им е на родителите што ги хранат своите деца со адаптирано млеко.

– Ајде да зборуваме за недостигот на адаптирано млеко што моментално ги мачи Соединетите Држави бидејќи повеќе луѓе треба да знаат за тоа. Посетете која било локална продавница и ќе ве пречекаат празни полици. А има и бебиња што не можат да консумираат млечна формула која е на полицата“, рекла таа во видеото објавено на социјалната мрежа „Тик-ток“.

„Ќе ви покажам фотографија од тоа како изгледа мојата ќерка кога пие кравјо млеко бидејќи има ужасна алергија на протеинот од кравјо млеко. Па што да правам кога одам во продавница и не можам да го добијам адаптираното млеко што ми треба? Аптекар не може да ми даде млеко на рецепт затоа што го нема. Може да го нарача, но ќе дојде за шест месеци, а дотогаш треба да зјапам во празни полици и не знам што да правам“, додала таа.

Видман се запрашала како другите мајки ги хранат своите деца со адаптирани мешавини, па покажала како изгледаат полиците во продавниците во нејзина близина.

@momofrory Excuse my makeup less crying face ? this #formulashortage is so scary. #formulamilk #formulacrisis #formulafeeding #formulafed #fyp #fypシ ♬ original sound – Kayzie Weedman

Многу родители од САД признале дека и тие мораат да се справат на различни начини за да ги прехранат своите деца, додека трудниците истакнуваат дека се плашат од она што ги чека.

„Планирам да дојам, но никогаш не се знае. Работите не одат секогаш како што планирате. Преплашена сум”, се пожалила жената во 38-та недела од бременоста.

Извор



912

X