Една двојка во Индијана, САД, го прослави доаѓањето на Новата година со добивање близначиња, но тие го немаат истиот роденден. Не само што близнаците беа родени во различна година, туку и беа родени во различна деценија.

Дон Џилијам и Џејсон Тело, пар од Пенделтон, Индијана, не ги очекувале близнаците до крајниот термин – 19 февруари. Но, загрижена што не чувствува дека се движат, Џилијам отишла во болница на новогодишната ноќ.

Изненадување било тоа што таа се породила тој ден. Нивната ќерка Џослин се родила на 31 декември во 23 часот и 37 минути, а нејзиниот брат Џексон пристигнал седум минути по полноќ, на 1 јануари.

– Знаевме дека таа ќе се роди прва. Така беше поставена поголемиот дел од бременоста. Тој беше поставен околу бедрото. Па му требаше малку време за да излезе – изјавила Џилијам.

Таткото додава: Сè уште сум возбуден. Претходно разговаравме колку би било интересно ако се родат на различни датуми. Но, еве уште едно изненадување – родени се во различна година.

Иако бебињата останале подолго време во болница, тие се здрави и во добра општа состојба. Џилијам и Џејсон, кои се родители и на две момчиња, 10- и 5-годишник, сè уште не можат да веруваат дека новите членови на семејството се пристигнати.

– Не можам да верувам дека всушност има две бебиња – возбудено рекла мајката.

Автор: Нехар Агарвал



912

X