Жена од Флорида, САД, тврди дека не знаела оти во генетиката на нејзиното семејство е добивањето близнаци, додека самата во само една година не добила два пара близначиња.

Александрија Волистон ги добила близнаците Марк и Малаки во март, а во декември добила уште еден пар близнаци, Кајлин и Кејлеб. Волистон изјавила за Си-ен-ен дека дознавала за втората бременост во мај, но немала никакви намери за повеќе деца во тој период.

Која е веројатноста за ова? Стапката за раѓање близнаци во 2018 година изнесувала 32,6 близнаци на 1.000 раѓања. Но, докторите рекле дека е поголема веројатноста да се добие на лотарија отколку мајка да роди два пара близнаци во иста година.

– Ох, да. Се чувствувам како да сум дел од лотаријата за близнаци – изјави Волистон. Таа исто така смета дека уште нешто друго е во прашање.

Добивањето близнаци двапати во годината за неа почнало да добива смисла кога дознала дека двете нејзини баби изгубиле момчиња близнаци. „Секогаш велам дека имам чувство оти моите баби ми ги дале нивните деца, бидејќи добив два пара близначиња, а нивните деца близнаци починале. Чувствувам како тие да ми ги испратиле децата за мене“, вели таа.

Фото/принтскрин: Си-ен-ен

Волистон веќе има тригодишна ќерка и вели дека таа ѝ помогнала да се подготви за бебињата.

– Таа всушност беше понемирна отколку што се тие сега, како да беше две бебиња во едно – раскажува Волистон.

Извор



912

X