Скандинавците важат за најсреќните луѓе на светот. Во Данска, Финска, Шведска и во Норвешка луѓето се најзадоволни од својот живот, меѓу другото, и поради поддршката што ја добиваат како идни и нови родители.

Хане Фелерс е една од мајките што се породиле во Норвешка, а своето искуство го споделила на „Јутјуб“. Нејзиниот воденик пукнал додека нејзиниот сопруг бил на другата страна на светот, но тој не морал да се грижи што не е со неа бидејќи знаел дека е во сигурни раце.

„Во болницата каде што бев, штом ќе влезете на вратата и ќе се пријавите лево, веднаш до влезот има продавници со сѐ и сешто: од пица до чоколадо, играчки, цвеќиња и подароци. Потоа се качувате со лифт до катот каде што се наоѓа породилиштето. Има коридор со соби за медицински сестри кои се таму доколку ви треба нешто, а добивате и картичка како во вистински хотел“, вели таа.

Таа била воодушевена и од собите, во кои има голем брачен кревет, телевизор, телефон и лулка за бебето, додека бањите имаат пространи туш-кабини. Од снимката е видливо дека на татковците им е дозволено да бидат со своите сопруги и со новороденото бебе. Сопругот на Хана пристигнал по еден ден откако таа се породила, па таа го снимила како дреми во нивниот болнички кревет.

Хане нагласува дека медицинските сестри се достапни 24 часа на ден за сѐ што им треба на новите мајки. Ја пофалила и храната. Пиела чоколадно млеко, кафе и сок од јаболко, а по породувањето добила вкусен оброк неопходен за да ѝ се врати силата на мајката.

„Породувањето во Норвешка е најдоброто искуство што сум го имала“, заклучила таа.

Извор



912

X