Ако секојдневно се мачите со чорапите кои едноставно ви исчезнуваат, не сте сами. Неодамнешната објава на „Редит“ покажува колку е универзален овој проблем и сите се препознавме во него.
Една мајка фотографирала повеќе од 60 детски чорапи кои останале без пар. Сликата одлично го доловува хаосот со кој се соочуваат родителите кога се во прашање чорапите. Стотици коментари потврдуваат дека ова е добро позната ситуација во секој дом.
Over 60 toddler socks with no matches after doing all the laundry.
byu/epilepsyisdumb inmildlyinfuriating
Но, како да се стави крај на овој проблем? Еве три докажани и практични совети:
Инвестирајте во штипки за чорапи или мрежи за перење
Едноставно, но ефективно решение како штипка за чорап или мрежа може да спречи да исчезнат чорапите. Сврзете го секој пар пред перење или ставете ги сите чорапи во мрежа за перење. На овој начин тие остануваат заедно во текот на целиот циклус на перење.
Купете чорапи во големи пакувања
Размислете за купување чорапи на големо во исти бои. Идентичните бели или црни чорапи за деца можат да го отстранат проблемот со совпаѓањето.
Набавете корпа за „изгубени чорапи“
Одредете специјална корпа за чорапи кои останале без парови. По секое перење, дајте им место на распар чорапите во таа корпа. Еднаш неделно, побарајте потенцијални парови во корпата пред да купите нови чорапи.
Каде всушност исчезнуваат чорапите?
Иако шегите за духовите кои „крадат“ чорапи се забавни, експертите истакнуваат дека има и научно објаснување. Чорапите може да се изгубат во скриените делови на машината за перење или сушење, како што се одводните цевки или просторот помеѓу внатрешниот и надворешниот барабан.