Корисниците на социјалната мрежа „Тик-ток“ остро ја критикуваа младата мајка Викторија Јавни бидејќи својата 7-месечна ќерка Греј ја легнува во 12 часот по полноќ. Младата мајка на својот профил објави неколку кратки видеа каде што ги објаснува причините за своите постапки, а целата ситуација предизвика дискусија меѓу корисниците на мрежата.
– Никогаш не сфатив зошто родителите ги легнуваат бебињата во 19 часот. Тоа само значи дека ќе се разбудат во седум наутро ако спијат полни 12 часа. А за нас, како родители кои работиме од дома, тоа не е потребно. Сѐ додека бебето го има потребното количество сон, не е важно во кое време ќе го заспиете. Времето за спиење го измислиле луѓето. Таа спие од полноќ до еден попладне. Така функционира нашето семејство – пишува Викторија.
Поради објавата, младата мајка често е мета на критики, а интернет-корисниците ја нарекуваат неодговорна и себична жена која не треба да има дете.
„Тоа е толку неодговорно. Вие сте себични и очигледно не сте подготвени да бидете мајка“, „Не е важно што ви одговара, важно е што му одговара на детето!“, „Твојата работа како родител е да се погрижиш детето да развие здрави навики за спиење, а ова е сосема спротивно на тоа“, беа само дел од негативните коментари.
Но, имаше и такви што ги заспиваа децата доцна, па не им е јасно зошто се лути интернет-корисниците.
– И моето прво бебе секогаш го заспивав доцна, околу 22 часот и никогаш во животот не сум спиела толку многу, тоа беше одлично“, „Работам од дома и ми одговара бебето да спие од 23 до 11 часот. „За да можам мирно да се разбудам и да ја средам куќата и да ги направам сите повици“, „Сите напаѓаат една девојка затоа што е толку сигурна во тоа што го зборува. Таа ги исплаши сите оние мајки што мислат дека знаат сè“, пишуваат дел од луѓето.
Покрај ќерката Греј, Викторија и нејзиниот сопруг имаат и постара ќерка која има три години. Девојчето наводно пораснало по истиот принцип како Греј, а сега оди нормално во градинка и нема проблеми со спиењето.
@toriyav Reply to @annabelle_wood614 #CowboyBebop #MunchiesWithTubi #Sing2gether #momlife #momsoftiktok #baby #babiesoftiktok #sleeptraining #babygirlgrey
♬ Get Into It (Yuh) – Doja Cat