Кога имате бебе, можете да очекувате низа коментари од добронамерни луѓе и, секако, не толку добронамерни поединци.

Со текот на времето, учиме да ги отфрлиме непотребните осудувања и да ги користиме само советите и информациите што би ни биле од корист. Една мајка сподели прилично важна порака на „Тик-ток“, откако доби безброј негативни коментари поврзани со доењето на нејзината тројка. Мајката сподели видео за да го прослави нејзиното доење. – Хранењето не е еднонасочна улица.

Оваа порака е никогаш да не се сомневате во одлучна мајка. Едноставно, оставете ја да ги храни своите бебиња – пишува на видеото, а потоа мајката ги покажа сите негативни коментари што ги добила.

– Ретко гледаме мајка на тројка да успее да дои, но можеш да се обидеш.

– Дали е возможно да имаш млеко за сите три?

– Предвреме родените бебиња обично не се дојат.

– Никогаш повеќе нема да спиеш.

– Ќе сакаат нонстоп да си до нив.

Нејзиното видео заврши со: – Среќни шест месеци, мои малечки.

@elle.plus.fourr

Feeding isn’t a one lane road. The message is never doubt a determined mother. Just let us feed our babies. #breastfeeding #fedisbest #triplets #fypシ

♬ What a time by Niall Horan and Julia Michaels – ana.tpwk

Извор



912

X