Жена која никогаш не планирала да има деца открива дека сега има 11. На сите им облекува маици со бројки за да може да ги следи надвор.

Кога Никол и Џозеф Сат се сретнале во 2005 година, децата за нив не биле опција и си замислувале тивок, заеднички живот. Сега, по 15 години, овој пар има 11 деца – 8 ќерки и 3 сина. Живеат во дом со 3 спални, во Аспатриа, Кумбрија. Според Никол (30), нивните планови се промениле откако останала бремена со првото дете, ќерката Ријанан, а потоа бебињата само доаѓале. Иако морале да се откажат од неколкуте работи што ги сакале во животот, на пример, скап автомобил, а сега имаат минибус со 17 седишта за целото семејство, велат дека се пресреќни.

По 2 години откако се родила Ријанан, добиле уште една ќерка, Луси, која сега има 12 години. По Луси дошле Мекензи (10), Скајлар (9), Хенли (7), близнаците Коби и Паркер (6), Хедли (4), Ривер (3), Оушн (2), Нејви (5 месеци) и едно мртвородено дете.

фото: Mercury Press & Media

Кога зборува за нејзиното големо семејство, Никол вели:

– Бев шокирана кога бев бремена со првото дете. Користев контрацепција и не очекував да останам бремена. Дознавме кога веќе бев 4. месец бремена. Се тестирав бидејќи тежината ми се зголемуваше, но не очекував тестот да биде позитивен. Немав поим како ќе се снајдеме, но дете е благослов, па едноставно се справивме. Колку повеќе деца имав, толку повеќе ми се допаѓаше тоа.

фото: Mercury Press & Media

Таа работи со половина работно време како асистент во продавница и објаснува дека привлекуваат внимание кога се надвор зашто морала да направи маици со бројки за децата за да може да ги следи. Џозеф, кој има 35 години и работи како инструктор за возење, се согласува дека излегувањето надвор знае да биде тешко. „Секогаш добиваме коментари. Ја прашуваат Никол дали сите деца се нејзини. Луѓето некогаш прават фаци, но ние не обрнуваме внимание на тоа, не ни пречи“, вели Џозеф.

– Луѓето не знаат колку работам и се грижам за сите нив. Треба да си ја гледаат својата работа, не треба да се грижат ако нешто не им влијае врз нивните животи. Наш избор е да ги имаме децата, додава Џозеф.

фото: Mercury Press & Media

Фактот што имаат толку деца значи огромна организација, како и тоа дека Никол често е задолжена за да ги држи работите под контрола во текот на денот, додека пак Џозеф е задолжен за рутината за одење во кревет. Таа признава дека понекогаш е „апсолутно лудило“ во нивниот дом, а нејзиниот партнер се согласува, именувајќи ја неа како супержена и велејќи: „Не знам како постигнува сè“.

Родителите одлучиле дека 11 деца се доволно. Џозеф вели: „Не планираме да имаме уште деца, мислам дека е доволно, а и Никол се согласува со тоа. Луѓето нè прашуваа како се справуваме со децата за време на карантинот. Некои денови е потешко кога сме изморени, но тие веќе имаат дневна рутина и се согласуваат како браќа и сестри“, вели Џозеф. Никол додава: „Никогаш не е здодевно“.

Автор: Кортни Почин

Извор



912

X