Естер е затрупана со прашања од другите родители што сакаат да го дознаат нејзиниот рецепт за родителство

Едната нејзина ќерка е директорка на компанијата „Јутјуб“, додека другата е професор на педијатрија, а третата коосновач и директор на биотехнолошката компанија „23иЈас“. Естер Војцицки, долгогодишна новинарка и едукатор од САД, објаснува како ги воспитувала своите девојчиња, кои стигнале до врвот во своите професии, каде што традиционално доминираат мажите.

Низ повеќедецениското искуство како мајка, баба и предавач, Естер издвојува три формули за воспитување успешни деца:

1. Грижа за другите

„Секогаш инсистирав да придонесам за заедницата и тоа е она што моите ќерки го гледале во текот на целото детство. Не поради тоа што служењето на заедницата е корисно како воспитен метод, туку затоа што навистина ми беше грижа за тоа. Девојчињата го забележуваа тоа. Ако сум во една работа сигурна, тоа е дека помагањето на другите прави да се чувствуваме среќно“, вели Естер.

Фото: „Јутјуб“

2. Важноста на заедништвото

„Тинејџерите што се грижат за помладите деца имаат подобро расположение и здравје, покажуваат студиите. Волонтерската работа ги оттргнува децата од улиците и од проблематичното однесување. За жал, денес децата се воспитуваат да се грижат само за себе и за своите потреби. Одгледуваме генерација на нарцисоидни лица, а кон тоа во голема мера придонесува преголемата заштита од страна на родителите“, објаснува Естер.

3. Децата не се центарот на универзумот

„Денешните деца сметаат дека се специјални и рано ги учат дека парите се патот до среќата. Живеејќи го животот без поголема цел, тие стануваат депресивни и осамени. Сум запознала многу несреќни милионери и милијардери кои во детството не ги научиле вистинските вредности“, потенцира Естер.



912

X