Клои Данстен (27) од Перт, Австралија, споделила како изгледа нејзината ноќна рутина, која подразбира рано готвење и јадење вечера во 16 часот и 30 минути. До нејзината 22-ра година, оваа мајка веќе имала 3 деца со сопругот Рохан – Еван (8), Ото (7) и Феликс (6). Пред да „земе воздух“, ја добила тројката Руфус, Хенк и Прл (кои имаат речиси 5 години), а минатата година им се приклучиле уште едни близнаци.

Зафатените родители брзо научиле да се приспособат на животот како семејство од 10 члена, а тоа значи екстремна организација. Мајката е домаќинка, а ги зачнала сите деца природно, па својот домашен живот го споделува на својот јутјуб-канал. Во едно видео, таа открива дека подготовката за ноќта започнува во 16:30, кога ја приготвува вечерата за целото семејство. Во тој период постарите деца помагаат во средувањето на собата со играчки, додека помалите имаат попладневна дремка. „Бебињата имаат дремка, додека другите помагаат во средувањето. Во исто време јас готвам“, вели Кли. Често приготвува паста со зеленчук зашто е лесен оброк, а има доволно за сите. Брзо зготвената храна е добра бидејќи има многу малку време за во кујната, но сепак таа се грижи оброците да се здрави. До 18 часот децата седнуваат да вечераат, а Клои и сопругот понекогаш им се приклучуваат. Во деновите кога се многу зафатени, не вечераат додека децата не заспијат, а тоа е неколку часа подоцна. По вечерата, децата се бањаат и облекуваат пижами. Клои се обидува да ги избања и нахрани новородените близначиња, а истовремено ги надгледува и постарите.

Сепак, нема време да седне и да гледа телевизија бидејќи ги надгледува децата како ги мијат забите и легнуваат в кревет за да читаат. Откако е родител, таа вели дека собрала околу 1.000 книги, кои се совршено наредени според боја на полиците. До 20 часот, децата се веќе подготвени за спиење, а Клои само тогаш има малку време да помине со сопругот. Иако сето ова изгледа стресно, Клои вели дека се добро организирани и признава дека станало полесно со текот на годините. „Полесно бидејќи сега барем тројката можат сами да се облекуваат. Кога беа мали, имаше многу работа, но мислим дека кога имате големо семејство, треба да се организирате како што ви одговара“.


Зафатената мајка претходно открила дека дома ги образовала сите свои деца и пред пандемијата. „Се образоваме дома – децата завршуваат одредени училишни задачи, а потоа се фокусираат на активности во кои уживаат, како цртање, уметнички проекти, играње и поминување време на отворено“, вели Клои.

Исто така, открива дека еден типичен ден со 8 деца изгледа вака: прво децата ги завршуваат училишните задачи, додека таа продолжува да ја води својата онлајн-продавница за играчки со сопругот, од дома. „Може да биде премногу со сите обврски околу учењето од дома и работата, но успеваме да се организираме и да сработиме сè заедно, со цел да си овозможиме и време што ќе го поминеме како семејство, што ни е многу важно“, заклучува Клои.

Автор: Карли Бас

Извор



912

X