Латанија де Вон била одгледана од баба ѝ, едукатор во Њујорк, која ја посвоила кога таа имала само 2 дена. „Никогаш не забележав дека нешто ни недостига. Секогаш имавме храна. Секогаш имавме заштедено. Одевме на патувања кога можевме“, изјавила Латанија.

Баби ѝ ѝ пренела повеќе страсти и хобија, а една од главните активности во која уживале била купувањето книги низ градот. „Таа постојано ме носеше во книжарници, па одевме на распродажби и купувавме книги додека сите други купуваа облека или мебел“, вели таа. Кога баба ѝ починала, Де Вон имала само 19 години и работела во сектор за финансии. „Тоа беше период кога знаев дека можам да се потпрам само на себе. Немав никаква друга сигурност, па секогаш бев многу внимателна со парите. Ако сакав нешто, знаев дека има начин да го постигнам тоа“, заклучила таа.

Во 2004 година станала мајка на првото од своите 3 деца и иако се вратила во училиште за сметководство кога детето имало една година, сонувала да поседува книжарница. „Секој што ме познаваше знаеше дека сакам да имам книжарница. Па кога не бев среќна на мојата работа, пријателите ми велеа – па, зошто не отвориш твоја книжарница, барем обиди се да го работиш тоа во викендите?“, истакнала таа. Иако сметала дека во Бронкс навистина има потреба од книжарница, сепак, се грижела за фактот што кириите во тој регион се навистина високи. Тогаш еден пријател ѝ покажал возило во форма на мини-камион во Делавер, САД. Во тој момент добила идеја да го претвори во автобус.

„Оттогаш почнав да го манифестирам концептот за Бронкс Баунд книги – подвижна книжарница. Автобусот би се движел во паркови, плажи и други локации“, истакнала таа. Во мај 2019 година собирала средства од луѓето од нејзината заедница за да започне мал бизнис. Собрала и користени книги од соседите и пријателите, а и многу издавачи почнале да ѝ праќаат наслови. Собирала по 150 долари месечно за да собере што повеќе книги. Сметала дека ако членовите од нејзината заедница согледаат како таа инвестира во себе, и тие ќе ѝ помогнат и ќе инвестираат. Добила грант од 20 илјади долари со кои го претворила автобусот во книжарница. Се откажала од својата работа и целосно ѝ се посветила на книжарницата.

Не било лесно, но таа била истрајна во својата цел. „Кога одевме во шопинг, ги прашував децата: Дали навистина ви е ова потребно, за колку време ќе ви служи?“ Па, на тој начин ги учела и децата да се фокусираат на она што навистина им е потребно и да штедат. Таа официјално го лансирала нејзиниот бизнис во септември 2021. „Автобусот сѐ уште не е бојадисан однадвор, но не сакав да чекам. Сега собирам пари за да го бојадисам муралот надвор, а вметнувам и други луѓе во мојот тим за да се довршат поправките“, вели таа.

„Постарите доаѓаат и понекогаш се многу емотивни бидејќи никогаш додека растеле не виделе автори или луѓе од црната раса кои нудат наслови, ниту пак ваков вид книжарница. Една жена плачеше. Ова е прекрасно – ми рече, немате идеја колкаво влијание извршувате врз новите генерации“, вели Де Вон.

Ова се нејзините совети за да бидете стабилни финансиски и да ги остварите вашите соништа:

– Бидете транспарентни со своите пари: Бидете реалистични, откријте што навистина ви треба и креирајте структура и буџет.
– Калкулирајте го своето време: Има нешто што некогаш го забораваме бидејќи го сакаме претприемништвото, а не сфаќаме дека трошиме многу време на непотребни работи.
– Одвојте време за одмор: Можете да се истрошите, а тоа да ве чини многу. Најдете време за одмор.
– Потпрете се на вашата заедница: Сакам моите деца да видат дека нивната заедница дава поддршка. Како што растат, сакам да бидат горди на нивната заедница, на тоа од каде дошле и како се воспитани – заклучува Де Вон.

Автор: Мереса Браун

Извор



912

X