Воспитување

Мајка му забранила на семејството да купува подароци за нејзината ќерка – вели дека е премногу разгалена

Една мајка предизвикала многу различни коментари на социјалните мрежи откако открила дека им забранила на членовите на семејството и пријателите да ѝ купуваат подароци на нејзината ќерка. Наместо тоа, сака тие да ги уплатат парите на штедна книшка што таа ја отворила за ќерка си. Објаснила дека членовите на нејзиното семејство, но и семејството на нејзиниот сопруг, премногу ја разгалувале ќерка ѝ.

Како што објаснила на форумот „Мамснет“, иако е благодарна за подароците што ги добила нејзината ќерка, таа смета дека имаат премногу предмети, а згора на тоа, нејзиното девојче станало премногу разгалено бидејќи е навикнато на многу подароци. За да го спречи тоа, таа буквално им забранила на сите да ѝ купуваат играчки или какви било други материјални работи.

„Му кажав на моето семејство дека ако имаат пари за трошење, да почнат да ги ставаат на нејзината штедна книшка, па повеќето од нив почнаа да го прават тоа. Но, мојот сопруг не сака истото да му го каже на неговото семејство бидејќи мисли дека тоа е непристојно“, напишала таа во својата објава, која предизвикала поделени мислења.

И додека некои мислат дека таа е во право и дека на малите деца не им требаат толку многу играчки, други сметаат оти не треба да им кажува на роднините или пријателите што да ѝ купат на нејзината ќерка. Исто така, не им се допаднала идејата за давањето пари.

„Мислам дека малку претера. На крајот на краиштата, ако не сакате да ѝ ги дадете сите играчки одеднаш, оставете ги за подоцна. На малите деца и онака брзо им здосадуваат играчките, добро ќе ѝ дојдат еден ден“, ѝ напишала една мајка.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top