Да ги учите вашите деца на обврски уште од мали нозе е одлична лекција за нив. Но, планот на една мајка да го научи својот четиригодишен син на независност бил критикуван откако таа ја споделила својата идеја на интернет. Оваа мајка на форумот на „Мамснет“ ги прашала другите луѓе што мислат за тоа да го пушти нејзиното мало момче само да оди во продавница. Таа објаснила дека растојанието до продавницата е помалку од 200 метри од нивната куќа и дека сопствениците го познаваат нејзиниот син бидејќи редовно одат таму.

– Живееме на фреквентен пат, но тротоарот е широк и тој не би морал да го помине патот. Тој е многу разумен и тоа ќе го научи на независност – напишала таа.

Таа, исто така, рекла дека мисли оти нејзиниот син е доволно самоуверен за да оди сам. „Изгледа мал, но е сосема способен да оди во продавница и самиот да купува работи – тоа веќе го прави додека јас чекам надвор или во автомобил“, објаснила таа.

Дали момчето е премало за таква одговорност?

Но, додека таа очигледно барала поддршка, другите родители брзо ја одвратиле од идејата да го пушти нејзиното мало момче да оди во продавница без возрасно лице. „Нема шанси. Зошто, по ѓаволите, би одело во продавница на таа возраст?“, напиша некој корисник. „О Боже, не би дозволил четиригодишно дете да го прави тоа“, коментирал друг.

Луѓето генерално се согласуваат дека е премногу рано

Во меѓувреме, некои напишале дека таа непотребно го изложува својот син на ризик бидејќи нешто може да тргне наопаку. „Да, тој е премногу мал. Може да заборави или да му се одвлече вниманието, да падне или да доживее несреќа на патот”, напишал еден корисник. „Тој, исто така, не би знаел како да реагира ако се случи нешто неочекувано или срамно (на пример, ако му пријде добронамерен странец, ако некој е груб во продавницата итн.)“, напишало едно лице.

„Добро му оди и доволно развива независност ако влезе сам во продавница додека вие чекате надвор или во близина. Тоа е голема независност во оваа фаза“, додал друг корисник.

Извор



912

X