Пребирливото јадење е фаза низ која минуваат многу деца. Иако обично е природен процес што значи дека детето почнува да развива желби кон одредена храна, честопати им предизвикува главоболка на родителите. Секој родител што го доживеал тоа со своето дете знае колку непредвидливи можат да бидат нивните вкусови. Децата можат да јадат ист вид храна со недели, и ништо друго, сè додека еден ден не доживеат тантрум пред омилената храна. Сепак, по некое време апетитот и преференциите на детето ќе станат многу полесни за управување, оставајќи ги родителите само да се надеваат дека овој момент ќе дојде што е можно побрзо.
Кендра Брукхуис, мајка која живее во Милвоки, точно знае како е кога нејзините деца пребираат храна.
– На скалата „Моите деца јадат лосос на скара и боровинки“ до „На моите деца им треба терапија за храната“, тие се некаде на средината – вели таа.
Неодамна таа сподели фотографија на која направила пирамида со храна што нејзините деца сакаат да ја јадат.
– Почнав со блог во 2011 година. Почна како хоби кога мојот сопруг се пресели во Гватемала. Со текот на времето пишувањето ми помогна да го процесирам сето она што се случуваше во нашите животи – вели таа.
Одвреме-навреме таа споделува интересни делови од животот на нејзиното семејство. Така, откако избра седум грицки што ги сакаат нејзините деца, ги постави во форма на пирамида и со тоа ја претстави новата верзија на пирамида во исхраната според нејзините деца. На фотографијата јасно се гледа дека нејзините деца имаат исклучителен вкус, а не здравата храна што ја одобрува нивната мајка.
Фотографијата стана вирална меѓу родителите што се поврзуваат со новата пирамида на исхрана.
– Оваа фотографија е пародија во смисла на тоа дека на моменти тие се подготвени да пробаат нови работи, но сепак повторно се насочуваат кон омилените. Не сум врвен готвач, и иако се обидувам да им давам здрава храна, знам дека моите деца се среќни со пилешко, тестенини, пица и тако – вели таа.
На прашањето колку е тешко да ги убеди своите деца да јадат здраво, Кендра вели:
– Еднаш мојата најстара ќерка се откажа од секој вид компир цела година. Кога се обидов со оброци како пржен зеленчук, тие се жалеа бидејќи зеленчукот не беше сечкан доволно ситно. И не дај Боже некогаш да видат кромид во нивната чинија. Се сеќавам на една вечера кога со сопругот рековме дека сите мораат да изедат два моркови без никаков сос. Беше пекол! За среќа, најмалото јаде сè.
Како и секој родител, и таа понекогаш смислува трикови за да ги убеди децата да јадат. На пример, за да не јадат нездрава храна пред вечерата, таа им нуди овошје или зеленчук.
– Друго правило на кое се обидувам да се придржувам е дека ако нашите деца велат дека повеќе не се гладни, а не го завршиле оброкот, тогаш не им е дозволено да јадат нешто друго. Не смеат да ја прескокнат вечерата за да можат да јадат грицки – вели таа.