Објавата на мајката Ники Пенингтон станала вирална. Таа на „Фејсбук“ решила да одговори на прашање кое често ѝ го поставуваат бидејќи се восхитуваат на тоа што таа е заедно со својот партнер Џеред уште од тинејџерските денови.

-По 13 години заедно и 11 години брак, луѓето ме прашуваат која е тајната за успешен брак. Обично се смеам. Ги знам типичните одговори како на пример „не одете во кревет лути еден на друг“ или „секогаш кажете му на партнерот дека го сакате кога си заминувате“. Но, реалноста е различна- признава оваа 32-годишна девојка.

-Знаете ли колку пати во овие 11 години сме седеле на каучот налутени еден на друг? Знаете ли колку пати не велиме „те сакам“ кога излегуваме од дома, затоа што имаме деца и секојдневие? Неговиот начин да ми каже „те сакам“ е тоа што понекогаш ме остава да спијам. Сите тајни сме си ги откриле. Тајната на долгиот и успешен брак е дека нема никаква тајна“, продолжила таа.

Потоа објаснува дека да се успее во бракот, значи да станувате и да се обидувате одново секој ден.

„Бракот е да останете будни цела ноќ во солзи со новороденото бебе бидејќи и двајцата сте премногу уморни, но сепак сте заедно. Бракот е броење парички за да можете да ја изградите својата иднина. Секој ден само туркајте напред и не застанувајте. Застанувањето ќе резултира со неуспех“, заклучила таа.

Објавата на оваа мајка на три деца е споделена повеќе од 113.000 пати.

Извор



912

X