Игротека

Го продава мајчиното млеко на бодибилдери – заработила 12 илјади евра

Британката Мила Дебрито заработила вистинско богатство благодарение на своето млеко. Откако го родила првото дете, почнала да им го продава млекото на бодибилдери. Таа на „Тик-ток“ објавила видео во кое тврди дека заработила 12 илјади евра. Имено, мајчиното млеко се смета за суперхрана за градење мускули, па некои се подготвени да платат фер цена за овој додаток во исхраната.

Мила своето млеко го нарекува „течно злато“, а многу мајки по нејзината приказна се запрашале колку би можеле да го подобрат домашниот буџет ако размислувале во истата насока. „Донирав 15 литри млеко, колку можев да заработам?“, „Како? Треба да знам затоа што дојам“, „Каде да продавам млеко? Имам неколку литри во замрзнувач“, напишале тие.

@debrito_bunch #liquidgold ♬ original sound – rico

235 милилитри мајчино млеко содржи околу 170 калории, 10 грама масти, 16 грама јаглехидрати, 2 грама протеини, како и витамини и минерали. Спортистот и нутриционист Брајан Сент Пјер неодамна објаснил за списанието „Машко здравје“ зошто бодибилдерите се опседнати со мајчиното млеко. „Мислам дека идејата за пиење мајчино млеко за раст на мускулите доаѓа оттаму што тоа е неверојатно богато со калории и хранливи материи“, рекол тој.

Која е тајната на мајчиното млеко?

Зголемениот интерес за мајчиното млеко се врти околу една состојка, олигосахаридите. Олигосахаридите од човечкото млеко се несварливи шеќери и се трета по големина компонента во мајчиното млеко, по лактозата и мастите. Она што е толку посебно за оваа состојка е што дигестивниот систем не ги разградува, па може да стигнат до дебелото црево и да им помогнат на бактериите да напредуваат. Со додавање пробиотици во исхраната поради хемиски процеси, почнува варењето на олигосахаридите и на тој начин се користи целосниот нутритивен потенцијал на овој шеќер.

Истражувањата покажале дека олигосахаридите од мајчиното млеко помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на здравјето на цревата. Има некои истражувања кои посочуваат дека оваа состојка може да помогне и во когнитивните функции.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top