Герда Кол го добила најпосебниот подарок на својот 98. роденден – повторно се соединила со својата ќерка, по 80 години.

Како млад еврејски бегалец, Кол побегнала од Австрија во Англија во 1939 година, на почетокот на Втората светска војна. Неколку години подоцна таа станала мајка, на 18-годишна возраст. Ограниченото образование и економските тешкотии не ѝ оставиле друг избор освен да ја даде новородената ќерка на посвојување. Иако никогаш повеќе не ѝ било дозволено да стапи во контакт со своето дете, Кол продолжила да живее исполнет живот. Таа се преселила во Канада, добила неколку дипломи и патувала низ светот.


Во меѓувреме: ќерката на Кол, Соња Грист, речиси немала информации за нејзината биолошка мајка и верувала дека е мртва. Синот на Грист, Стивен, дошол до одредено сознание и изјавил за Торонто Сан:

– Дознав дека Герда, биолошката мајка на мајка ми, има посинок и го контактирав на Фејсбук: „Ми недостигаат повеќе информации. Ми треба само потврдата за смртта на Герда. Можеш ли да ми помогнеш со тоа? И тој рече: „Нема да ја најдете нејзината смртна потврда бидејќи таа сè уште е жива и живее во дом за стари лица во Канада“. И си помислив: „О Боже! Мајката на мајка ми е жива и ќе полни 98 години в сабота!“ Стивен и Соња брзо отпатувале во Торонто и го нашле домот за стари лица. Видеото споделено од „Си-би-си њуз“ покажува како мајката и ќерката споделуваат емотивна прегратка. Плачеле, се смееле, играле и јаделе колачи.

Што се однесува до мајчинските совети, Кол ја споделила мудроста со својата ќерка: „Не чекај да дојде утре бидејќи можеби ќе биде доцна, ако сакаш да живееш, живеј сега, а не утре или задутре.“

Извор



912

X