Како се снаоѓаат другите родители? Ова е прашање што секој родител си го поставил барем еднаш. Да бидете во тек со работата, да се грижите за семејството, да водите домаќинство и да управувате со сите други обврски се чини невозможно, особено ако имате мали деца. Понекогаш дури може да изгледа дека никогаш нема да ја завршите вашата бескрајна листа со задачи.

Ова се предизвиците што придонесоа една мајка да го објави својот дневен распоред на „Редит“.

„Не знам како другите родители го прават тоа. Се чувствувам како нешто да ми фали. Мојот сопруг работи со полно работно време, јас работам со полно работно време. Нашата двегодишна ќерка пет дена во неделата оди во градинка. Јас немам слободно време и се чувствувам како да се давиме“, напишала таа и опишала еден типичен ден на нејзиното семејство.

5:30 – 8:00

„Будење, појадување, вежбање 30 минути, будење на децата, галење, менување пелена, облекување, подготвување појадок за детето, миење заби, пакување на потребните работите за да излезете надвор“.

8:00 – 9:00

„Сè уште не сум се истуширала, па го правам тоа набрзина. Немам време да се шминкам или да си ја средам косата. Можеби ќе стигнам на работа до 9 ч.“

9:00 – 16:30

„Работа, пауза за ручек 20 минути“.

16:30 – 21:00

„Земање на детето од дневен престој, возење до дома 40 минути. Правење вечера, поминување време со семејството, заспивање на децата. Чистење на кујната, миење садови, подготовка храна за дневен престој за следниот ден, перење алишта“.

21:00 – 23:00

„Ние сме на каучот, гледаме телевизија половина час, разговараме малку, легнуваме и спиеме. Утре, одново“.

Вработените родители сочувствуваат со мајката и ѝ кажуваат дека и тие се чувствуваат исто.

„Извинете, но вие не сте единствените – родителството е тешко“, вели една личност.

„Искрено, одлично звучи, а што би било ако имате повеќе деца. Додека децата не станат малку посамостојни, живееме за да преживееме“, додава друг.

„Можеби ќе ви биде малку полесно ако се туширате навечер. Планирајте оброци неколку дена однапред и вежбајте со партнерот, па нека ви биде тоа време поминато заедно“, советува трет родител.

Извор



912

X