Иако е 2019 година и ЛГБТ-заедницата е интегриран дел од многу западни општества, за жал, сè уште постои ирационална нетолеранција на овие луѓе. И додека мислиме дека работите се подобруваат, тие всушност се влошуваат.

Статистиките покажуваат дека 36 отсто од младите Американци рекле дека не се чувствуваат пријатно кога ќе дознаат дека некој член од семејството е ЛГБТ, така што признавањето за сексуалната определба е тешко искуство за многу луѓе. Ако не можете да сметате на вашето семејство за љубов и поддршка, тогаш на кого можете да сметате?

Понекогаш токму постарата и помудра генерација има поголема способност да покаже толеранција и прифаќање на луѓето што ѝ припаѓаат на ЛГБТ-заедницата. Писмото во продолжение е напишано од дедо кон неговата ќерка, која очигледно треба да го научи значењето на безусловната љубов.

Откако донел храбра одлука да ѝ каже на мајка си дека е хомосексуалец, Чед бил избркан од дома и наречен „одвратен“.

Дали можете да замислите нешто полошо од тоа да бидете исфрлени од сопствената мајка? Сепак, Чед наишол на поддршка од неговиот прекрасен дедо, кој застанал зад него.

Фото: Boredpanda

„Драга Кристина, разочаран сум од тебе како ќерка. Во право си дека имаме срам во семејството, но имаш грешка за тоа кој е срамот. Исфрлувањето на Чед од вашиот дом само затоа што ти кажа дека е хомосексуалец е вистинската одвратност тука. Родителот што не го поддржува своето дете е она што е спротивно на природата.

Единствената интелигентна работа што ја слушнав во сето ова е дека ти не си го воспитала син ти да биде хомосексуалец. Секако дека не. Тој е роден вака и не го избра тоа, исто како што не избра да биде левучар. А ти одлучи да бидеш ограничена и да го повредиш.

И додека сме на темата отфрлање на сопствените деца, мислам дека ќе го искористам овој момент да се збогувам со тебе. Сега имам еден прекрасен (како што велат хомосексуалците) внук што треба да го одгледам и воспитам, така што немам време за бездушна ќерка.

Ако се премислиш, јави ни се“.



912

X