Вада Стивенс се нашла на удар на критики откако на социјалната платформа „Тик-ток“, открила дека ги тера своите ќерки да носат алки за следење, а и ги учи да доаѓаат кај неа штом ќе ги повика. Имено, кога таа ќе притисне копче, алките на девојчињата ѕвонат и им сигнализираат дека мајка им ги повикува.

„Ги видов овие алки и помислив дека тоа е најдоброто нешто за децата. Можете да ги купите и да ги научите децата да дојдат кај вас веднаш штом слушнат звук дека ги повикувате“, вели таа во видеото, кое е прегледано речиси два милиони пати.

Таа потоа ја демонстрира функцијата на алките и нејзините ќерки Стела (4) и Серена (2) веднаш дотрчуваат и се појавуваат во кадар. Додека некои ја пофалиле идејата, многу луѓе коментираат дека ги тренира децата како кучиња.

@stevensfam Today we are dog training ? Outfits: @Kailani Kids Mom genius: @Lacey Johnson ♬ Funny Music Background – original_soundtrack

„Децата не се животни“, „Сигурно се шегувате“, „Кутри деца“, се само дел од многуте коментари.

Вада одговорила на ваквите коментари: „Јас сум параноична буквално за сè. Потребна е само секунда за да изгубите дете во толпа. Не можете да бидете премногу заштитнички настроени кон децата овие денови. Луѓето мислат дека сум луда, но јас ќе направам сè за да спречам моите деца да бидат киднапирани или изгубени“.

Извор



912

X