Често пати сме занесени од имагинацијата за мајчинството како целосно уживање во љубовта на тоа мало суштество, каде што сè е совршено и работите течат како по вода. Сепак, кога ќе запловиме во тие води, ќе сфатиме дека реалноста е многу поинаква.

Ако верувате во реклами, мајчинството е бесконечен момент на гледање во очите на бебето додека тоа преполно со љубов ви се смешка. Меѓутоа, тука нема да видите ништо за менување на телесните течности сто пати дневно, за промена на дефиницијата луксуз (за десет дена во спа-центарот со една мирно испиена шолја кафе), или за пецкањето на очите поради неспиење цела седмица. За среќа, тука се мајките кои решија да ви прикажат како навистина изгледаат работите во реалниот свет.

Дисциплина

– Мислев дека ова ќе оди многу, многу поедноставно. Книгите што ги прочитав за подигање деца кажуваа дека по второто опоменување детето навистина ќе ве послуша, но изгледа мојата ќерка не ја читала истата книга и не ја знае оваа теорија. И по шест години не сум самоуверена, смирена мајка каква што мислев дека ќе бидам, туку сум врескав ураган активиран од расположението на ќерка ми – Џо Калдвуд.

Задушување и обврски

– Кога го замислував мајчинството, мислев на моите родители, кои секогаш изгледаа како да се исполнети со живот само затоа што се до нас. Не ми изгледаше дека се под притисок, додека јас се чувствувам како едвај да функционирам. Сè е во прашање, финансиски стрес, недостиг на сон (дури и кога тие спијат редовно), постојаните промени на нивните карактеристики како што растат, потребната енергија да ги испратам – Мајкл Витакер.

Мајчинството е тешко

– Мајчинството е тешко, но не поради оние причини на кои мислев. Се навикнуваш на уморот. Стануваш помирна и учиш да не се мачиш со малите нешта. Тешко е затоа што толку многу ги сакаш што може да стане застрашувачки, а понекогаш е многу болно, бидејќи го немаш вистинскиот начин да ги заштитиш од сè. Имам и многу повеќе награди. Секојдневно сум одушевена од набљудувањето на ова мало дете како расте. А да, некогаш мислев дека сум врвен готвач! – Алекс Роу.

Толку многу одговорности

– Мислев дека мајчинството е нешто едноставно што само се средува како што тече животот, но реалноста е таква што тоа ми го одредува мојот живот, ми окупира многу повеќе време и простор отколку што сум очекувала. Исто така, со мајчинството доаѓаат и толку многу одговорности, обврски кои постојано се повторуваат, што е многу напорно – Алис Форест.

Имав постпородилна депресија

– Потешко е отколку што мислев. Сметав дека постпородилната депресија не може да ми се случи мене, а ме погоди толку тешко. Меѓутоа, никогаш не мислев дека можам некого толку да сакам. Таа ми е сè на светот – Селест Мен.

Не сум совршена мајка каква што мислев дека ќе бидам

– Бев убедена дека доколку на децата им купам совршена облека, тие ќе ја носат. А јас ќе бидам супермама чиј најдобар пријател е „Инстаграм“. Денес моето најмало дете носи костим за капење по цел ден. Средниот син носи маица на која има илустрации со нездрава храна, додека најстариот по цел ден се шета во своите пижами, па дури и ги носи под облеката кога оди кај соседите. Мојот живот е толку далеку од инстаграм-постовите, но тоа веќе не ми е важно! – Анета Стил.



912

X