Игротека

Мајчинството низ искрени илустрации на една мајка од Норвешка

Да се биде родител е авантуристичко патување за кое повеќето од нас би се пријавиле во одреден момент од животот. Но, во реалноста, идилата може да исчезне во кој било  момент, а Џејд Нордал од Норвешка, мајка на Абел, многу добро го знае тоа.

Затоа, еден ден зела пенкало и почнала да ги црта хумористичните моменти од нејзините секојдневни борби. Од бебе што ѝ го одзема целиот простор во креветот, до нејзиниот син кој јаде неидентификувани бобинки што таа строго му ги забранува, илустрациите на Џејд се искрени и нецензурирани.

Сите мајки со крвави очи што не се сеќаваат кога последен пат имале добар сон и татковци кои влегуваат на состанок за веднаш да сфатат дека нивното малечко им ја извалкало кошулата, ова е нешто во кое ќе се пронајдете.

Успехот на искрените илустрации на Џејд во најголем дел се должи на тоа што родителите можат да пронајдат во нив, и се соочуваат со истите фрустрации кога ги воспитуваат децата. И како да не беше доволно тешко, пандемијата сето тоа го однесе на едно сосема ново ниво. Сега, освен домашната работа, непроспиените ноќи и болно смешните инциденти, тука е и учењето од дома, како и обезбедувањето вашето дете да остане здраво. Сето ова заедно со обидот да не го изгубите вашиот здрав разум.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top