Majчинството ќе ве промени на сите начини што можете да ги замислите. Во еден ден ќе можете да искусите повеќе емоции од кога било претходно. Во само три секунди ќе можете да доживеете благодарност, но и желба за кубење на косата.

Ќе го направите она што сте рекле дека никогаш нема да го направите, а вашите деца ќе го направат она што сте рекле дека никогаш нема да им го дозволите.

Ќе бидете понизни, горди, весели, драматични, внимателни, несигурни, засрамени. Ќе се прашувате колку љубов може да собере во вашето срце.

Ќе бидете изморени цела вечност и веројатно нема да го сакате секој момент од своето мајчинство, и тоа е нормално и тогаш сте добра мајка.

Ќе плачете, ќе се менуваат солзи радосници, тага и фрустрација.

Ќе направите повеќе пребарувања на „Гугл“ отколку што сте мислеле дека може да се направат.

Мајчинството ќе биде повеќе од она што сте можеле да го замислите.

Мајчинството повторно ќе ве изгради.

Извор



912

X