Ви се засилува мајчинскиот инстинкт? Тоа е можеби затоа што мајчинството е заразно, тврдат истражувачите. Студија покажала дека жените повеќе сакаат да имаат бебе откако ќе откријат дека нивните пријателки од средно образование станале мајки. Истражувачите велат дека тоа е вистински тренд меѓу жените пријателки од средно во текот на раната возрасна доба.

– Заразата е особено силна за одреден краток период: се зголемува веднаш по моментот кога пријателка од средно ќе роди дете, го достигнува врвот околу 2 години подоцна, а потоа се намалува, станувајќи занемарлива на долг рок – изјави коавторот на студијата Николета Балбо, која е на постдипломски студии на Универзитетот Бокони, во Италија.

Пријателите од средно образование влијаат врз нашите животи и по дипломирањето

Сè на сè, ова истражување покажува дека одлуките за репродукција не се под влијание само на индивидуалните карактеристики и желби, туку и на социјалните мрежи во кои индивидуите се поврзани. Дополнително, покажува дека пријателите од средно образование влијаат врз нашите животи и по дипломирањето. Знаеме дека пријателите си влијаат едни на други во однос на многу однесувања, како што се пушењето, пиењето и колку вежбаме.

Студијата следела повеќе од 1.700 американски жени од моментот кога имале 15 до речиси 30 години. Истражувачите го гледале само влијанието од женските пријателки од средно врз раѓањето на првите деца, а нивните откритија биле насочени само на планираните бремености. Просечната возраст не жените во студијата кои го добиле првото дете била 27. Во однос на можните причини за тврдењето дека мајчинството е заразно, истражувачите сугерираат:

– Прво, луѓето се споредуваат себеси со своите пријатели. Да се биде опкружен со пријатели кои се нови родители предизвикува да чувствувате притисок и вие да имате деца – вели Балбо.

Како второ, таа посочува дека пријателите се важен извор за учење во однос на тоа како да се биде мајка. И на крајот, да се има деца во исто време со пријателите значи и можност за споделување искуства – намалување на стресот поврзан со бременоста и грижата за децата.

– Исто така, полесно е за луѓето да продолжат да бидат пријатели кога искусуваат родителство во исто време – додава Балбо.

Студијата се потпира на податоци од Националната лонгитудинална студија за адолесцентско здравје во САД.

Автор: Ана Хоџекис

Извор



912

X