Игротека

Мајчинската љубов е најсилна емоција: Моќни фотографии на мајки и деца од сите страни на светот

Михаела Норок, романски фотограф, е позната по својот Атлас на убавина – проект во кој фотографира жени од сите краеви на светот. Сега во фокус на Михаела се мајки со деца, а резултат на тоа е серијата фотографии што ја покажуваат врската помеѓу мајките и нивните деца, од Виетнам и Индонезија до Холандија и Исланд.

фотоизвор: Михаела Норок

– Иако хемијата помеѓу мајките и децата е универзална појава, не е лесно да ја доловите со камера. Се надевам дека овие фотографии ќе донесат трошка светлина во овие тмурни времиња. Мајчинската љубов, според мое мислење, е најсилното чувство на светот и затоа треба да ни послужи како инспирација и противтежа на негативноста – порачува Норок.

фотоизвор: Михаела Норок

фотоизвор: Михаела Норок

фотоизвор: Михаела Норок

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top