Разновидната исхрана на мајката влијае врз квалитетот на исхраната на детето во подоцнежниот период од животот.

На формирањето на сетилото за вкус пресудно влијание има мајчиното млеко. Рецепторите за вкус, особено важни за секого, се формираат во вториот и петтиот месец кога поголемиот дел од бебињата цицаат. Тоа е воедно клучен момент за подоцнежното одбирање на омилената храна, велат научници од Филаделфија.

Разновидната храна што ја консумира мајката влијае и врз изборите на храната на детето подоцна во неговиот живот. Бебињата што се хранеле со горчливо-кисела млечна формула сакаат слични вкусови и во тинејџерските денови. Меѓутоа, оние што овој вкус го почувствувале првпат кога навршиле шест месеци, не сакале воопшто да ја консумираат таквата храна.

Поради тоа, експертите нагласуваат дека мајките би требало да ја збогатат својата исхрана со овошје и зеленчук, бидејќи бебешките рецептори на јазикот спонтано ќе го прифатат тој вкус. Кога ќе се случи тоа, тие подоцна ќе сакаат да јадат овошје и зеленчук. Доколку храната на мајката не е разновидна, и вкусот на млекото ќе биде едноличен, што може негативно да влијае врз детето, односно врз неговиот лош избор на храна подоцна во животот.



912

X