Мајчиното млеко од жените што имале Ковид-19 содржи антитела против коронавирусот. Ова се покажало во истражување спроведено од тим предводен од болницата „Ема Чилдренс хоспитал“ во Амстердам, а во студијата учествувале и научници од „Утрехт“. Врз основа на откритијата, истражувачите се надеваат дека мајчиното млеко може да се користи како лек за третман на ранливи пациенти со Ковид-19.

Истражувачите од „Утрехт“ анализирале мајчино млеко од заразени жени за да видат колку и кои антитела ги содржи млекото и како тие нивоа се менуваат во периодот на лактација. Тие навистина пронашле многу антитела против коронавирусот во мајчиното млеко.

Антитела

– Телото на мајката произведува антитела кои го неутрализираат коронавирусот. Фактот дека тие се исто така пронајдени во мајчиното млеко е поради тоа што нивната намена е да ги заштитат бебињата од вирусот. Идеално би било кога би нашле многу силни антитела против Ковид-19 во мајчиното млеко. Тогаш тоа млеко ќе се користи не само да ги шити бебињата, туку и ранливите пациенти со Ковид-19 – објаснува проф. Алберт Хек.

Коцки мраз

Истражувачите се надеваат дека ќе го задржат млекото во форма на коцки мраз. Кога пациентот ќе излиже таква коцка, антителата директно ќе се приврзат за релевантните места во устата и носот, убивајќи ги честичките на вирусот таму. Хек вели: „Не сме толку далеку. Тоа е она на што се надеваме“.

Волонтери

Истражувачите го студирале мајчиното млеко на неколку десетици поранешни пациентки со коронавирус кои само што родиле дете. Жените волонтирале преку повик на социјалните мрежи. Истражувачите сега се надеваат дека ќе привлечат уште поголем број доброволци.

Извор



912

X