Позната ситуација: престанавте да доите, но сè уште ви тече по малку млеко и тоа трае со месеци, речиси една година. Може да биде во форма на мала жолтеникава капка како колострум.

Советничката за доење Венди Визнер слушнала многу приказни за тоа како мајките имаат млеко со месеци и години откако го прекинале доењето. Мислевте дека тоа е невозможно, додека не ви се случи и вам. Визнер, исто така, вели дека мајките што се откажале од доењето ќе имаат полни гради кога ќе го слушнат плачот на бебето. Тешко е да се најдат многу информации за овој феномен.

– Мали количини млеко или серозна течност обично истекуваат со недели, месеци или години кај жени што биле бремени или дојат – пишува Јан Риордан, автор на „Доење и човечка лактација“.

Советничката за доење Ен Смит вели дека по престанокот на доењето, на мајките им истекувало млеко кое најчесто личело на колострум, жолтеникаво „течно злато“ кое телото го произведува во последното тримесечје од бременоста и во првите денови по породувањето.

Ен Смит има интересна теорија за тоа зошто некои мајки имаат млеко дури и години откако престанале да дојат. „Бидејќи вашите гради се подложни на физички промени девет месеци за да се подготват за мајчиното млеко, не е изненадување што тие нема веднаш да се вратат во нивната состојба пред бременоста откако ќе престанете да доите – вели Смит. Тоа има смисла, нели? Покрај тоа, на жените што дојат подолго време ќе им треба повеќе време да ја затворат „фабриката за млеко“.

Се поставува прашањето: Кога ова може да биде проблем и кога треба да посетите лекар?

Прво, истакнува Ен Смит, сосема е нормално и вообичаено млекото спонтано да истекува во првите недели по прекинот на доењето. Не носете тесна облека за да избегнете затнување на каналите и обидете се да ги „празните“ градите што е можно помалку (колку повеќе празните, толку повеќе млеко ќе продолжи да се создава, што е спротивно на вашата цел). Повторно, нормално е ако можете рачно да испуштите малку млеко по месеци или години од прекинот на доењето. Меѓутоа, ако тоа спонтано почне да тече во секое време по првиот месец или подоцна по прекинот на доењето, или ако градите се многу тврди, полни и чувствителни, можеби ќе треба да се консултирате со лекар, особено ако има многу млеко. И, се разбира, сите невообичаени грутки на градите треба да се пријават на лекар.

Премногу млеко по прекинот на доењето може да биде знак за галактореја. Во многу ретки случаи, галакторејата може да биде показател за тумор на тироидната жлезда или хипертироидизам. Тоа може да биде и резултат на несакан ефект на лекот. За повеќето од нас, сепак, малку млеко во градите откако ќе престанеме со доењето е само составен дел од животот. Некои жени, дури и по десет години, сè уште можат да измолзат малку млеко.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X