Студија објавена во САД открила дека мајчиното млеко кај американските мајки е контаминирано од токсични хемикалии познати како полифлуороалкални супстанции (PFAs) и Per-. И двете супстанции се многу перзистентни во околината и во човечкото тело – што значи дека не се „кршат“ и се акумулираат со текот на времето, а изложеноста на нив може да доведе до последици врз човековото здравје.

Откако биле тестирани 50 примероци, супстанциите биле пронајдени на нивоа речиси 2 илјади пати повисоки од препорачаните. Авторите на студијата велат дека овие хемикалии предизвикуваат загриженост поради нивната закана врз здравјето на новороденчињата. Исто така, се поврзуваат со канцер, проблеми при раѓањето, заболувања на црниот дроб и низа други сериозни здравствени состојби.

Ерика Шредер, коавтор на студијата и научен директор во непрофитната организација „Иднина без токсини“ од Сиетл, чија цел е да ја поттикнува индустријата да пронајде алтернативи за хемикалиите во околината, вели дека овие хемикалии ја контаминираат храната која треба да биде природно совршена. Шредер објаснува дека тие најверојатно се скриени во прехранбените пакувања. Тие се дел од околу 9 илјади состојки што се користат за да се произведуваат пакети за храна, облека, средства за чистење и слично.

Коавторот на студијата и педијатар од Вашингтон, Шила Сатијанарајана, изјавила дека иако откритијата се јасни за овие хемикалии, сепак е голем предизвик да се изучуваат новороденчињата, па нема детална анализа за тоа како точно и конкретно хемикалиите влијаат врз новороденчињата. Таа додава дека студиите спроведени на постари деца и возрасни ги поврзуваат хемикалиите со хормоналните нарушувања кај нив и посочуваат дека супстанциите го оштетуваат имунолошкиот систем, што може да биде проблематично за доенчињата бидејќи мајчиното млеко треба да го поттикне и развие нивниот имунолошки систем.

Сатијанарајана споменува дека иако студијата изучувала релативно мал број на примероци, контаминацијата се прекинува низ социо-економските и географски групирања, па затоа проблемот е тешко да се идентификува на индивидуално ниво. Таа додава дека ова значи оти хемикалиите се толку сеприсутни, што не може да се предвиди кој ќе биде најмногу изложен на нивните штетни влијанија.

Ова е прва ваква студија уште од 2005 година за проверка на примероци од мајчино млеко. Студијата подразбирала и анализа на податоци за мајчиното млеко од целиот свет, па се открило дека детекцијата на ваквите хемикалии е во пораст.

Авторите препорачуваат бремените жени и мајките што дојат да се заштитат себеси преку избегнување консумација на пакувана храна, водоотпорна облека и слично. Тоа е сепак тешко, бидејќи често компаниите за производство не презентираат какви токсични хемикалии користат во своите производи. Сепак, Шредер вели дека најдобро решение е виртуелна забрана за целата хемиска класа, вклучувајќи ги и оние што хемиската индустрија вели дека не се акумулираат кај луѓето.

Автор: Атенкоси Мденде

Извор



912

X