Поради војната, повеќе од 1,5 милион луѓе ја напуштиле Украина, главно во соседните земји – Полска, Молдавија и Романија. Сите сакаат на некој начин да им помогнат, па мајките од Полска почнале да оставаат колички на железничките станици каде што пристигнуваат бегалците од Украина.
Имено, повеќето ги напуштија своите домови и избегаа од завојуваната земја само со најосновните работи. Немало место за количките, па мајките сега се обидуваат да им олеснат со оваа потреба за бебињата и малите деца.
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=5418602631502359&id=100000580274740Фотографијата од празни колички кои чекаат нови сопственици на железничка станица во Полска стана вирална и е споделена над 1.500 пати.
„Мајчината љубов е бескрајна и моќна“, се вели во описот.
Оние што не успеале да набават количка за своите деца, во прв ред, се снаоѓаат на други начини, па ги возат децата во, на пример, колички за пазарење.