Вашето бебе може да има некои трикови во „ракавот“, на пример, неколку дена целосно да го бојкотира движењето, што кај вас може да предизвика паника бидејќи не знаете што се случува со него, или на пример, да се смести во положба која вам ви е толку непријатна, што го чувствувате на секој од вашите внатрешни органи. Детето нема да се движи според вашите желби, но постојат некои трикови со кои можете да го поттикнете да се движи.

Како можете да почувствувате дека бебето се движи?

Повеќето движења можете да ги почувствувате помеѓу 16. и 25. недела од бременоста, односно некаде во текот на второто тримесечје. Првин ќе ги чувствувате како „пеперутки“ во стомакот или како некое чудно чувство. Подоцна можеби ќе почувствувате како вашето дете се придвижува бидејќи знаете што можете да очекувате и сте посвесни за суптилните разлики помеѓу ударите на бебето и гасовите во цревата. Сепак, во текот на второто тримесечје сѐ уште не чувствувате зачестено придвижување на своето бебе, но тоа не е причина за загриженост.

Меѓутоа, како што преминувате во третото тримесечје, движењата на бебето би требало да бидат редовна појава. И ќе бидат многу поинтензивни. Детските удари веќе не се благи, туку се всушност удари. Имајте на ум дека некои бебиња природно ќе бидат поактивни од другите. Можеби дури и ќе можете да уочите некоја одредена доследност во движењето. На пример, се јавува во сличен период од денот или реагира на некоја специфична храна што ќе ја изедете.

Како да се поттикне бебето да се движи во второто тримесечје?

Обидете се со грицки. Порастот на шеќерот во крвта ќе влијае врз бебето и може да го раздвижи. Немојте да претерувате со слатки, но неколку парчиња чоколадо се сигурен начин за да го поттикнете детето да се движи.

Испијте нешто. Чаша ладен чај или млеко. Природните шеќери и студената температура на пијалаците обично се доволни за да го поттикнат движењето на бебето.

Изложете се на звуци. Чувството за слух на вашето бебе е прилично развиено во втората половина од второто тримесечје, па разговорот или пеењето, или дури ставањето слушалки на стомакот и пуштањето музика би можеле да поттикнат движење.

Проверете ја својата положба на телото. Ако стоите, легнете. Ако веќе лежите, променете ја страната. Знаете дека бебето едноставно сака да биде супер активно кога ќе легнете на кревет? Овде тоа можете да го искористите во своја корист.

Нежно туркање. Ако почувствувате дека грбот на бебето или задницата е притисната за вашиот стомак, лесно притиснете за да видите дали реагира на вашиот допир.

Помалку испробана, а повеќе урбана легенда: Направете брза, енергична вежба. Некои мајки наведуваат дека кратка вежба како трчање в место е доволна за да го разбуди бебето.

Вперете батериска ламба кон стомакот. Кон средината на второто тримесечје бебето можеби ќе разликува светлина од темнина, па може ќе го интересира изворот на светлина.

Растот на адреналин при некое возбудување исто така може да го раздвижи бебето.

Зачинета храна. Дали вашето бебе танцува секојпат кога ќе изедете бурито? Зачинетата храна наводно е двигател на бебињата, но и причина за киселини во бременоста.

Опуштете се. Нежната масажа или топла (никако претопла) пенлива бања може да ви олесни да ги забележите движењата на бебето повеќе од вообичаено.

Извор



912

X