Две творби на Марија Трајаноска, трето одделение од ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ во Прилеп. Марија била инспирирана од виножитото

ВИНОЖИТО

Црвено, жолто, сино,

Виолетово, зелено, но и сиво…

Сите овие бои на небото ги има,

Не само во лето, туку и во зима…

Сонце кога има

Кога цветовите шепотат,

Во најубава рима,

Кога птиците цвркотат…

Но одеднаш сета таа боја се губи,

И сè станува темно и сиво

Облаците станале груби

Или почнуваат да ги тресат своите прстиња,
а на земјата паѓаат првите капки

За на крајот облакот среќен да е,

И не е веќе мрачен

Бел како галеб е

Насмевнат,

И не е мачен..

Тревата уште поубава е

Цветот има сребрена круна,

Пеперутките, штурците, бумбарите

Преживеале уште една бура..

и маршираат и маршираат

да го видат највеличественото

ВИНОЖИТО

Затоа дечиња, прочитајте ја мојава песна

За секоја судбина е

и од никого не е лесна

Чекајте ја да ја видите вашата убавица

Вашата ЅУНИЦА

Ги знае сите ваши сништа

И ги остварува.

Магично виножито

„Некаде зад виножитото сите желби се остваруваат. Водата и сонцето го прават волшебното виножито“.

Вака започна мојата бајка. Ама вистинска бајка. Јас нацртав виножито на мојот цртеж за награден конкурс затоа што верував во неговата магија. И неговата магија ме однесе мене и целото мое семејство во најголемиот забавен парк – Дизниленд во Париз.

А таму беше  вистинска бајка. И не една бајка, туку сите бајки на светот! Го видов Пајо Паторот, ги видов Елса и Ана, го гушнав Мики Маус, ги шетав лавиринтите на Алиса, ги видов како прекрасно танцуваат Убавицата и Ѕверот, Аладин како лета на волшебното килимче со неговата Јасмин… ја видов и лошата вештерка што ѝ даде отровно јаболко на Снежана! Влегов во замокот на Трнорушка, се возев на возови, летав заедно со Петар Пан во неговата земја Недојдија…. Беше прекрасно. Тие четири дена ја живеев својата бајка.

И на крај сакам да ви порачам да верувате во магијата на своите соништа, затоа што тие ќе ве однесат до вашата бајка!

Во рубриката Читанката на Биби, Деца.мк објавува детски литературни творби. Напишаниот детски труд, заедно со податоци за детето, а доколку сакате и негова фотографија, можете да ни ги испраќате на info@deca.mk.



912

X