Како родител сигурно ја препознавате оваа фрустрација – детето не сака да го направи она што сте го побарале од него и поради тоа и слични вакви ситуации ви одзема многу енергија. Овој трик може да ви помогне…

И додека зад тврдоглавоста на еден тригодишник се кријат повеќе причини зошто не сака да соработува, се чини дека промената на зборовите што ги употребувате и начинот на обраќање кон детето може одеднаш да ја привлечат неговата љубопитност и да го убедат да соработува.

Користете магични зборови

Истражувањата на Универзитетот во Сан Диего покажале интересни суптилни разлики во зборовите што повеќе или помалку ги поттикнуваат децата. Кога родителите бараат помош од децата, тие ќе бидат спремни, полни со ентузијазам и ќе сакаат да помогнат ако користите именки, а не глаголи. Тоа значи наместо да побарате од вашето дете да ви помогне, побарајте денес да ви биде „помошник“. Може ќе кажете дека ова е банално и неповрзано, но испробајте го. Зошто именките се подобри? Затоа што повеќе се вклопуваат со сликата што децата ја имаат за себе и вашиот однос во нивната глава. Децата обожаваат да ни бидат помошници, што значи дека тие се рамноправни учесници во активностите што ги правите заедно.

Забележете го успехот со вистинските зборови

Кога ќе успеете да го придобиете детето да соработува, не заборавајте дека тоа се случи со примената на речениците: Сигурно си многу горд/а што успеал/а… и тогаш нежно фатете го за рака. Така детето ќе научи да ги искажува емоциите на гордост и задоволство без да чувствува никаков притисок.
Избегнувајте пофалби само затоа што детето нешто направило што веќе одамна го знае и му е познато. Браво е збор кој треба да се користи само за исклучителни достигнувања бидејќи во спротивно ја губи вредноста. Освен тоа, тој збор е премногу широк и апстрактен за детето. Затоа фалете го така што точно ќе го опишете достигнувањето. Колку сте попрецизни, толку подобро. Така ќе осигурите детето да сфати за што точно го фалите и ќе ја гради својата самодоверба, а и ќе научи да се радува на своите успеси.

На пример: Многу убаво си го направил овој цртеж. Гледам дека вешто ги држиш боичките, одбираш складни бои, си се потрудил, уживаш во цртањето, сигурно си горд на себе, баш ми се допаѓа тоа што си го направил….

На крајот заклучуваме. Работите не се толку едноставни и не е доволно само глаголите да ги претворите во именки за детето веднаш да соработува со вас и да се разбуди неговиот ентузијазам. Родителите мора да покажат како се соработува и да бидат свесни дека децата цело време ги гледаат и набљудуваат. Бидете им добар пример и полесно ќе ги натерате да соработуваат.



912

X