Нашата куќа од приказни за деца и млади секојдневно се надополнува со нови простории и ширум отворени прозорци со магични и различни светови!
Магичните прозорци ги отвораме само за вас, со извадоци од сите книги од „Магичната едиција“. Во овие изградени светови место си најде и интересната книга за едно одговорно девојче, „Лили, сама“ од англиската авторка Џеклин Вилсон.
Во овој современ роман ќе сретнеме спој на авантура, грижа за помалите и свесност кај главниот лик, кој е олицетворение на современото детско, а возрасно согледување на светот.
Нашата цел е да понудиме стимулативен, креативен и ослободен свет на раскажување преку едицијата „Магични приказни“.
Проектот се реализира во соработка меѓу Издавачки центар ТРИ и Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

0

(Комерцијална објава)



912

X