Иако точната причина за утринските мачнини сѐ уште не е позната, се верува дека е поврзана со наглите хормонални промени што се случуваат во првото тримесечје од бременоста. Мачнината (која некогаш доведува и до повраќање) се појавува во кратки периоди во текот на денот, а не само во утринските часови. Не постои „лек“ за утринската мачнина, но има водич за разбирање на симптомите.

Кога се јавува утринската мачнина?

Мачнината и повраќањето во бременоста обично почнуваат пред 9. недела од бременоста. Всушност, околу 6-тата, а симптомите го достигнуваат врвот околу 9-тата.

Кога престанува мачнината?

Иако постојат некои исклучоци, кај повеќето жени симптомите престануваат до 14. недела од бременоста. Ранае Јоки, гинеколог, вели дека во 90 отсто од случаите симптомите се губат до 22. недела.

Кои се симптомите на утринската мачнина?
-Чувство на мачнина во желудникот
-Повраќање
-Вртоглавица
-Одбивност кон храна
-Одбивност кон храна или мириси кои резултираат со мачнина и повраќање.

Кога симптомите се сметаат за загрижувачки?

Иако секогаш е добро да се посоветувате со лекар, постојат некои фактори што би можеле да предизвикаат поинтензивна мачнина, како семејна историја со засилени симптоми, некои дијагнози или историја на болести. Изразена мачнина и повраќање во текот на бременоста може да доведе до преголемо губење на тежината, дехидратација и нерамнотежа на електролитите.

Како да се олесни мачнината?

На трудниците може да им биде тешко да се справат со мачнината бидејќи го ослабува нивното емоционално, психолошко и физиолошко здравје. Иако не постои лек за утринска мачнина, генерации трудници пронашле начини за нејзино ублажување.

-Обидете се со витамин Бе6, кој го намалува ризикот од хипермеза, мачнина и повраќање во бременоста, а за дозирањето разговарајте со вашиот лекар.
-Користете ѓумбир за џвакање, додавајте ѓумбир како зачин во јадењата бидејќи е докажано ефикасен при мачнини.
-Јадете помали оброци и здрави ужини, како што се бадемите. Мачнината потешко се поднесува ако желудникот е празен или пак полн. Избегнувајте да бидете изложени на интензивни мириси, избегнувајте многу зачинета или слатка храна.
-Одморајте се и пијте доволно вода бидејќи тоа може да помогне во спречување на мачнината, додека дехидратацијата и заморот може да ги поттикнат симптомите.

Автор: Звјездана Бубњар

Извор



912

X